AMD Strela

 

Русалиите повторно ќе заиграт во Секирник – општина Босилово

Русалиите повторно ќе заиграт во Секирник – општина Босилово
Објавено на: 26 Aug 2014

По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица во среда на 27 август во Секирник ќе се одржи петтата по ред ,, Средба на Русалии – фолклор,,. Организаторите најавуваат богата програма со учество на повеќе русалиски групи меѓу кои КУД ,, Русалии,, од Секирник, КУД ,, Танец,, од Миравци- Гевгелија, русалиската фолклорна група ,, Пољаните,, од Република Бугарија и ансамблот ,,Тримери,, од Струмица . Програмата на малиот јубилеј ќе биде збогатена со настапот на специјалните гости македонскиот етно состав Баклава. Почетокот на средбата која и оваа година се организира под покровителство на општина Босилово и градоначалникот Љупчо Колев е закажан за во 20 часот.

rusalii

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK