Во чест на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица Секирник повторно ги собра русалиите, единствените играорци кои ја негуваат и презентираат изворната традиционална игра на македонците бегалци од Кукуш и кукушко. На петтата средба на русалии во Секирник учествуваа неколку фолклорни ансамбли, русалиски групи од земјата и соседна Бугарија како и групата Баклава. Градоначалникот на општина Босилово Љупчо Колев под чие што покровителство и оваа година се реализираше средбата вели дека оваа манифестација е многу значајна за општината бидејќи истата овозможува да се презентита, но и продолжитрадицијата на голем дел од жителите на овој регион.
,, Општината вложува огромни напори и бараме секакви прилики да реализираме секакви проекти кои ќе значат зачувување на традициите, вклучување, вклучување на младата генерација во сите тие проекти.
Традицијата е таа што ќе не одржи како народ, традицијата е таа која ни треба во моментот. Во сите овие бурни времиња, времиња на огромен напредок многу е тешко еден мал народ, една мала нација да опстане и да ја задржи својата автентичност. Ние сме должни да правиме напори а колку ќе успееме времето ќе покаже.,, рече Љупчо Колев – градоначалник на општина Босилово
Средбата на русалии како манифестација започна да се реализира пред пет години на иницијатива на КУД,, Русалии,, од Секирник а основната цел беше да го зачува, но и афирмира русалиството како древен обичај од Јужна Македонија.