AMD Strela

 

,,Цветовите,, од радовишко Дединo-трети на фестивал во Романија

,,Цветовите,, од радовишко Дединo-трети на фестивал во Романија
Објавено на: 02 Sep 2014

Фолклорниот ансамбал "Цветови"-Дедино од радовишко го освои третото место на интернационалниот  фестивал ,,Каталина ,, што се одржа во Иаши во Романија. Станува збор за фестивал каде фолклорните друштва  се преставуваат со аветнични облека и преку ора и обичаи  го преставуваат изворниот фолклор од местата каде доаѓаат.

dedino

,,Цветови,, на овој фестивал настапија со неколку кореографии и со својот традиционалната носија, изворна музика од гајда и зурли но автентични македоснки ора успеа да го привлечат вниманието не само на останатите фолклорни ансабли учесници на фестивалот и публиката, туку и на самото жири кои одлучија третото место да биде доделено токму на овој фолклорен ансамбл кој доаѓа од мало населено место, Инаку на овој фестивал учествувале фолклорни друштва од Грузија, Моладавија, Србија, Словачка, Бугарија, Украина,Унгарија, Русија како и од Романија.

d

,,Убавината на нашата носија и нивната автентичност никого не остави рамнодушен многу објективи беа насочени кон нас , некои членови беа интервјуирани од страна на романски телевизии и радиа. Ги интересираа за македонската култура, нашата традиција. Ние сме презадовони од гостопримстовото на романците како и од убавините на Иаши град кој располага со многу културни знаменитости,, ни изјави Мартин Илиев од фолклорниот ансамбл ,,Цветови,,

d

Инаку на овој интернационален фестивал првото место го освоија грузијците, второто место Србија додека ,,дединци,, од Македонија го освоија третото место..Тоа беше интернационален фестивал на кој секоја земја ја преставуваше својата култура, традиција, обичаи

d

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK