Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, го означи почетокот на кампањата за вклучување на сите граѓани со свој придонес во изградбата на соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“. Тоа значи дека од први октомври, секое семејство и секоја фирма заедно со сметките за вода добиени од ЈПКД „Комуналец“ или од месната заедница, ќе добијат уплатница или платен налог на кој се испишани сите неопходни податоци и треба да се додаде само името на донаторот и сумата која се донира за изградбата на соборниот храм.