Струмичките карневалски групи од СОУ „Димитар Влахов“ Струмица и Карневалската група „Мулен Руж“ на изминатиот викенд учествуваа на 7-от меѓународен Брачки карневал на карневалските поворки во местата Супетар и Бол, на островот Брач, Р. Хрватска, со маските „Ветерниците на Дон Кихот“ и „Бисерно благо“. Пред официјалната програма струмичките карневалисти учествуваа и на манифестацијата со хуманитарен карактер за прибирање средства со продажбана домаше ајвар и сирење како наши традиционални производи. Струмичките карневалисти со своите костуми и подготвенитe кореографии и овој пат успееја да ги импресионираат домаќините и гостите на карневалот.