Во Регионалниот центар за сертификација на Општина Валандово авторот Костадин Кајдамов на тимот на волонтери ја подари неговата нова книга “Животот во градот на калинките” и истата претставува дополнување на неговата монографија “Валандовски времеплов”.Авторот беше пријатно изненаден од формирањето на тимот и побара неговите информации од книгата да бидат разработени.
Авторот Костадин Кајдамов е роден во Дојран, на 5-ти мај 1934 година. Како просветен работник и новинар има добиено мноштво награди и признанија. Како писател, поет, и публицист има објавено околу 45 книги, меѓу кои ќе ги споменеме монографиите за македонските преродбеници: „Теодосиј Синаитски„ , „Христофор Жефарович„ и др. Значајни се и монографиите: „Имињата на градовите во РМ„ , „Дојран низ вековите„ , „Валандовски времеплов и многу други. Со своите научни трудови, Кајдамов учествувал на симпозиумите во Дојран и во Валандово, кои што се објавени во зборници. Сите објавени и (необјавени) литературно публицистички дела на авторот претставуваат драгоцена документација за Јужновардарскиот регион и пошироко за Република Македонија. Косдадин Кајдамов е автор и на многу други книжевни дела претежно од секојдневието: од стопанството, здравството, образованието, културата, спортот, и од духовните светилишта.