AMD Strela

 

Кој се ќе пее на Фолк Фест Валандово на 16,17 октомври

Кој се ќе пее на Фолк Фест Валандово на 16,17 октомври
Објавено на: 08 Oct 2014

Познат е редоследот на песните кои ќе бидат испеани на 30то јубилејно издание на фестивалот за народна музика „ Фолк Фест “ – Валандово. Фестивалот ќе го отвори еден од најпознатите валандовски пејачи Влатко Вучков со песната „ Сто ока љубов “. Триесет композиции ќе бидат испеани во две полуфинални вечери од кои дваесет ќе влезат во финалната вечер.Фестивалот „ Фолк Фест “ се одржува од 1985 година, а на него се испеани 2013 композиции кои веќе триесет години претставуваат дел од богатото фолклорно творештво на македонскиот народ.  Дел од нив се пеат по разни свечености и длабоко се вметнати во културното опстојување на нашиве простори и пошироко во дијаспората.

ф

Оваа година фестивалот ќе се одржи на 16, 17 и 18 Октомври во новата сала, за чија изградба од Министерството за култура и буџетот на општина Валандово беа обезбедени финансиски средства, а истата претставува прекрасно здание во која 700 посетители ќе можат да уживаат во квалитетите на македонските пејачи и пејачки, кои оваа година во живо ќе ги изведуваат своите композиции.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK