Во пресрет на јубилејното 30 то издание на Фолк Фест Валандово, предадена е во употреба реконструираната сала при Домот на културата во Валандово. Реконструкцијата се реализираше со средства од Министерството за култура нои од Општина Валандово се со цел најстариот музички фестивал на македонска новосоздадена фолк песна, добие сала по сите стандарди и норми за одржување. Салата во употреба ја предадоа министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и градоначалникот на Валандово Николче Чурлиновски кои истакнаа дека салата при Домот на културата во Валандово во иднина може да се користи за повеќе намени како за одржување на фестивали, така и за театарски престави и други културно уметнички и забавни настани