Започна тридневниот празник на убавата храна, неговото величество самунот и прекрасниот благ специјалитет татлијата и годинава по вторпат ја дочекаа својата слава. Манифестацијата ,,Самун ем татлија,, посветена на традиционалните радовишки специјалитети започна, а голем број на радовишани уште од раните утрински часови ја наполнија радовишката чаршија и плоштадот ,,Св Спасо Радовишки,,
Освен радовишани овие денови на самун ем татлија допатуваа и голем број посетители од земјава и странство за да вкусат не само од угостителските штандови туку и од мегасамунот кој беше долг 5 метри, и татлијата која беше долга 2, 014 метри. Честа да ги пресече и проба ја имаше првиот човек на опшптина Радовиш, Градоначалникот Сашко Николов.
На убавата храна се надоврзува и убавата музика од Елена Ристеска, Јордан Митев, Хара Мата Хари Елена Велеска, Благица Павловска, Сузана Спасовска и Соња Тарчуловска. Се на се три одлични дена исполнети со убава музика и уште поубава храна односно вкусните радовишки специјалитети самун и татлија.