Победник на јубилејното 30 то издание на фестивалот Фолк фест Валандово е Нино Величковски. Тој со песната Крстозбор доби најмногу гласови и ја освои првата награда од 20 000 евра. Втората награда во вредност од од 15 000 евра му припадна Мишко Крствски за песната Ти можеш се, а третото место кое беше вредно 10 000 евра го освои Благоја Грујовски со песната Ако некогаш. Наградата за најдобар дебитант во висина од 3000 евра му припадна на Љупчо Георгиев . Ирена Спасовска според одлуката на жири комисијата оваа година го имаше најдобриот сценски настап за кој доби награда од 3000 евра.