Фолк пејачката Елена Велеска облече невестински фустан, во спотот што го снимаше деновиве за нејзиниот најнов сингл ,,Невеста,, Спотот кој наскоро треба да биде промовиран ги прикажува вистинските обичаи и традиции во една македонска свадба. Благоја Грујовски беше во улога на младоженец кој добро ,,одглуми,, во спотот во кој има многу естрадни уметници како статисти кои се веселат на свадбата на Велеска. Во спотот невестата и младоженецот играат танго, сечат невестинска торта, Велеска фрла бидермаер, се лепаат евра на музика предводена од Ферус Мустафов и Мече..... Спотот во која се појавува и ќерка и Софија, како што ни изјави Елена, ќе биде готов за десетина дена и се снимаше со нејзината ЕВ продукција.
Елена Велеска е во брак со охриѓанецот Марјан од кој имат две деца, синот Марко и ќерката Софија. Но вистинска свадба не направија. Од таа причина Елена Велеска се одлучи да направи таква песна за која идејата и текстот се нејзини, песна која ја посветува на невестите.....
Фото галерија од снимањето на спотот ,,Невеста,,
Фото Томе Табанов