Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица и оваа учебна година се закити со златна плакета. Осумгодишната Ивана Мазнејкова ученичка во трето одделение, освои прва награда и златна плакета на меѓународниот натпревар по пијано кој што се одржа во Велење, Словенија. Ивана беше еднинствениот учесник од Македонија која се натпреваруваше во јуниорска категорија до 11-годишна возраст заедно со учесници од Словенија, Хрватска, Летонија, Литванија, Унгарија и други. Иако има само осум години, Ивана Мазнејкова, досега има учествувано на повеќе натпревари и освоено повеќе награди и признанија за кои имала поддршка од општина Струмица и градоначалникот Зоран Заев.