Утре во дворот на црквата Св. Никола во с.Градошорци, со почеток во 12,00 часот ќе се одржи традиционалната манифестација „Ден на празот“. По тој повод, организаторот, општина Василево упатува отворена покана до сите граѓани.Целта на манифестацијата е промоција на Градошорскиот праз како исклучително квалитетен и промоција на овој крај и општина Василево како место кое задолжително треба да се посети и запознае.
Посетителите ќе имаат можност да вкусат најразлични специјалитети подготвени со праз, да проследат културно уметничка програма и да уживаат во музиката на Ефто Пупиновски. Според најавите утре ќе бидат изложени над 300 разновидни специјалитети подготвени со праз од поднебјето на општина Василево.