AMD Strela

 

Одржана Празијадата во Градашорци-се дегустираа над 400 специјалитети

Одржана Празијадата во Градашорци-се дегустираа над 400 специјалитети
Објавено на: 09 Nov 2014

Во селото Градашорци се одржа „Ден на празот“,под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а во организација на општина Василево..Според градоначалникот Ванчо Стојанов, манифестацијата која се организира седма година, станува дел од секојдневниот живот на земјоделците и производителите од овој дел на општината и е во функција на промоција на ова градинарска култура но и можност инвеститори да вложуваат во откупни центри и преработувачки капацитети.

r

- Горди сме што оваа манифестација стана позната не само во општината и државата, туку и надвор од неа. Годинава наши гости се и граѓаните од збратимената општина Струмијани, Бугарија, со што овој наш градинарски производ ќе се најде и на трпезите надвор од земјата, Ние овде имаме покането и бизнисмени и земјоделци кои овде разговараат, а земјоделски стручни лица им сугерираат на самите земјоделци какви видови на праз да засејуваат заради добивање на што поквалитетни сорти праз. Со ова манифестација отвараме можност инвеститори да вложуваат во изградба на откупни центри и да ги анимираме преработувачките капацитети,, подвлече градоначалникот Стојанов.

v

На седмата по ред празијада домаќинките приготвија над 400  специјалитети со кои ги почестија гостите кои ги имаше како од земјава така и од странство. Во рамките на манифестацијата имаше и програма која ја поготвија учениците од Василево и Нова маала а гостите ги забавуваа Ефто Пупиновски со групата Алегро и Демо Шавлев

f

f

i

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK