Фолк пејачот кој во својата кариера се пробива и како автор и музичар Јордан Митев од Радовиш, во Струмица го снимаше спотот на неговата песна ,,Еднаш вака славам, еднаш вака правам,,. Спотот се реализираше во комплексот на хотел Глигоров каде Митев ангажираше манекенки како статисти кои играат во спотот кој наликува на свадба а во кој Јордан е како младоженец а Ана Тасева се појавува како невеста.
Ова песна е дел од неговиот најнов албум ,,Најдоброто од Јордан Митев,, за кои песни радовишкиот ,,Фолк вулкан,, како го нарекуваат, планира да направи спотови во најскоро време. Во спотот за песната ,, Еднаш вака славам, еднаш вака правам,, гости се и челновите на оркестарот ,,Агушеви,, кои во свадбарски стил одглумуваат во песната. која стана вистински хит мегу младоженците и се пее на секоја свадба. Инаку ова песна беше снимена пред неколку месеци но поради обврските на Митев спотот се снимаше во септември.
Спотот во кој Митев се појавува и како младоженец и како пејач кој ги забавува гостите се снимаше два дена за што режијата била токму на фолк пејачот а техничката реализација е на ,,Бокс продукција,, и истиот веќе е пуштен во етер. До крајот на годинава, Јордан Митев од Радовиш а кој го нарекуваат ,,струмичкиот зет,, ќе замине на турнеја во Америка и Канада каде ќе има концерти пред нашинците во Онтарио Канада и Њу џерси во САД