Една од најпопуларните фолк пејачки на нашата естрада Сузана Гавазова за неколку месеци по втор пат ќе стане мајка што значи дека новиот материјал кој беше планиран за почетокот на новата година ќе се реализира малку подоцна. Сузана која во мометов престојува во родниот крај вели дека е пресреќна бидејќи со оваа вест на најубав начин ќе ја заокружи годината во која и се случија најубавите работи во животот.
,, Годинава се роди Емили, мојата прва радост, се омажив за човек каков што барав цел живот , облеков венчаница за која со години сонував , а сега животот не израдува и со веста дека Емили наскоро ќе добие братче или сестричка. Пресреќни сме и јас и Јасмин, ова е чувство кое неможе да се опише, само треба да се доживее. Оваа радост им ја посакувам на сите,, вели Сузана југоинфо.мк
И покрај тоа што во наредниот период нема да има можност да ги реализира сите планирани проекти на професионален план таа вели дека нема да ја остави нејзината публика долго да чека на нов материјал, реализацијата на целиот албум ќе се пролонгира, но една до две песни секако ќе има. Првата од нив која носи симболичен наслов ,, Празник на љубовта,, веќе е снимена и наскоро ќе биде пуштена во етер. И за оваа песна таа соработуваше со авторите Борче Нечовски и Дејан Момирвски со кои во последните неколку години имаше повеќе од успешна соработка.