AMD Strela

 

Томче Соколов: Сe вратив во Струмица за да ги полнам противничките кошеви

Томче Соколов: Сe вратив во Струмица за да ги полнам противничките кошеви
Објавено на: 09 Dec 2014

Томче Соколов по подолга пауза повторно настапува во мак кошарката, на почетокот на сезона почна во Фени Индустри, а потоа се приклучи на својот матичен клуб Струмица. Која е причината за твоето враќање? 
- Најпрвин поздрав до сите читатели на Југоинфо порталот. По полни седум години решив да се вратам во мак-баскетот. Една од причините беше упорноста на челниците во Фени Индустри кои уште по завршувањето на минатата сезона по секоја цен побараа од мене да потпишам за нив. Беа премногу упорни во тоа и се согласив, се разбира со добри услови да се вратам во македонската кошаркарска лига. Но, за жал, сето тоа не излезе јас како што очекував и од страна на тренерот бев принуден после три месеци да го напуштам тимот на Фени. После тоа се вратив во својот роден град и на почетокот само тренирав со тимот на КК „Струмица“ каде што паралелно и преговаравме на месечен договор, кој што успешно се реализира и голема чест ми е што сум дел од екипата на КК „Струмица“.

5215

Имаш забележителна интернационална кариера? Каде се досега настапуваше?
- Па како што кажавте, поголемиот дел од кошарката го поминав надвор од Македонија и настапував во добри и познати клубови. Почна се од „Цедевита“ од Загреб, каде после тоа играв во Португалија, па имав мало враќање во мак-кошарката каде бевме шампиони со тимот на Струмица. Потоа полусезоната 2007-2008 година продолжив повторно надвор од државата и тоа во Романија , Русија, Турција, Тунис и минатата година во Словачка.

fqwf

Кога почна со кошарката и кој е најголемиот виновник да ја засакаш оваа спортска дисциплина?
 - Со кошарка почнав да се занимавам на десет годишна возраст и дефинитивно главен „виновник“ да ја засакам оваа спортска дисциплина е мојот татко.

fqwfq

Во спортски брак си со одбојкарка. Како функционирате и кој за кого повеќе навива и кој кому е поголем критичар?
 - Веќе сум две и пол години во спортски брак со одбојкарката Alica Sokolov Szekelyova. Навиваме секогаш еден за друг кога играм јас или таа и нормално се бодриме на секој натпревар што го играме. Кога станува збор за критиките, дефинитивно јас сум тој што критикува повеќе и кој секогаш дели „совети“ за играта (Хахаха).

casasc

До кога планираш да бидеш активен играч?
 - Не знам точно до кога би играл, најважно ми е здравјето од бога, ама како што се чуствувам сега, мислам дека би играл професионално и на високо ниво уште најмалку шест години.

На натпреварот со Кожув во Струмица беше најефикасен. Едно време беше еден од најдобрите одбранбени играчи. Дали оваа трансформација се должи на искуството или сепак да се полни противничкиот кош е поголем предизвик?
 - Некаков влегов многу мотивирано на натпреварот со Кожув каде што сам си поставив цел да пробам да го добијам овој натпревар. Времињата се менуваат, а со тоа и ние луѓето. Точно дека пред седум години кога настапував овде појака страна ми беше одбраната, но, за да биде се комплетно во мојата игра мораше да поработам и на офанзивната игра. Да бидам искрен и искуството кое го имам придонесе за овој одличен резултат, Иако многу од луѓето ме потценија на почетокот на сезоната кога се вратив во македонската лига. Секако, покрај добра одбрана, вистинско задоволство е да се полни и противничкиот кош, а токму тоа јас го сторив против тимот на КК „Кожув“ каде што имав 29 поени, 13 скокови и 5 блокади.

fwqfq

Што понатаму? Ќе останеш ли во Македонија или повторно ќе настапуваш надвор?
 - Искрено,многу тешко дека вториот дел од сезоната ќе останам овде, но никогаш не се знае. Веќе сум во преговори со екипи надвор од Македонија, но зависи дали успешно ќе се договориме. Нека има прво здравје, па ќе видиме што ќе излезе на крај од тоа.

d

fw

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK