Фолк пејачот Јордан Митев неодамна го промовираше својот нов спот ,,Дајте да се пие,, кој го снимаше во Австралија. Станува збор за високобуџетен спот во кој се јавуваат многу статисти за што впрочем бил потребен огромен тим за организација. Станува збор за спот за една од најновите песни на Јордан зад која стои како комплетен автор. Освен што е автор и ја интерпретира тој во спотот се јавува и како моторџија кој вози по патиштата во Mелбурн и Гелонг каде впрочем се снимаше спотот
,,Спотот се работеше цели два дена и морам да признаам дека ова снимање беше едно од понапорните бидејки имаше огромна организација. Учествуваше голема екипа, доста статисти, моторџии и други луксузни реквизити.Исто така се појавува оркестарот ,,Амадеус,, од Австралија кој што истите се мој придружен оркестар на поголемиот дел настапи во Австралија. Снимањето го работев со видео продукција од Австралија “М16“ е едитингот на материјалот и постпродукцијата беше овде во Македонија во соработка со веќе мои долгогодишни соработници.Задоволен сум како излезе спотот,, ни изјави Митев кој е еден од ретките македонски фолк пејачи кој снима видео записи
Новата година ќе ја дочека работно и тоа во Италија каде е ангажиран да ги забавува македонците за најлудата и највеселата ноќ. Во јануари Јордан Митев веке има закажано неколку настапи во Македонија а не се исклучува можноста да одржи и концерти во странство, бидејки како што вели во својот нов спот ..Ич не ми е гајле што ќе речат другите, ќе те терам по свое животе....