Битолската група Милениум за новогодишната ноќ ќе оживее дел од старите македонски хитови. Групата која во моментов е актуелна со песната од последното издание на валандовскиот фестивал ,,Радувај се мајко,, реши љубителите на убавата македноска песна да ги израдува со специјална новогодишна програма во која ќе бидат отпеани дел од најубавите македонски песни. ,, Река гази малој моме,, ,, Ој невесте,, ,, За таа љубов да наздравиме,, ,, Лено Ленче,, , Песна за деверот,, ,, Мајка сина прашува,, ,, Мајко ќе одам јабана,, се само дел од песните со кои момците од Милениум ќе им ги честитаат новата година и Божиќ на гледачите ширум Македонија. Новогодишната програма е снимена во Битола, а ќе се емитува на повеќе локални и регионални телевизии во државата.
,, Целата емисија трае околу два часа. Станува збор за комплетно жива свирка со внимателно избрани песни, почнувајќи од нашите авторски, преку старите македонски па се до големите хитови на наши колеги кои публиката со задоволство ги слуша. Се решивме на жива свирка затоа што сметаме дека на тој начин многу подобро ќе ја пренесеме енергијата и емоциите до публиката и се надеваме дека ќе успееме во тоа.,, велат членовите на група Милениум кои за новогодишната ноќ ќе ги забавуваат нивните сограѓани во Битола.