Ако некогаш Струмица беше позната по песната „Во Струмица на улица“, во последните десетина години градот под Царевите кули е препознатлив и по добрата забава и ноќниот живот. Бројните диско-клубови и кафулиња се преполни во деновите на викенд. Покрај струмичани, постојано гости има од Скопје, Велес, Штип, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Неготино. Во последно време се забележливи Бугарите и Грците, особено од блиските погранични градови, како што се Петрич и Сандански и Кукуш и Поликастро. На паркинзите околу објектите за забава може да се забележат многу автомобили со различни регистарски таблички. Музика ечи од секаде, особено на познатата „Леблебиџиска улица“, каде што се сместени најголем број од кафулињата. И во зима улицата е полна, но во лето тука нема игла каде да падне.
- Тоа што се случува во Струмица е „следно ниво“. Секаде има забава и ноќен живот, но тука забавата има друга хемија и е различна во споредба со многу други места во државата, особено оттаму од каде што доаѓаме ние, велат гости од Кавадарци и Велес, кои речиси секој викенд се на забава во многубројните диско-клубови и кафулиња.
Повеќе на следниот линк: (http://www.utrinski.mk/?ItemID=D0AFD1A2571CF043BB36F4827E1A69E4)