Центарот на заедницата на општина Струмица, заедно со Дебатниот клуб на Младински образовен форум во Струмица ве покануваат на дебата утре (5 февруари) со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица.
Како говорници ќе се јават Зоран Узунов, општински просветен инспектор на општина Струмица, Спасе Глигоров, Сектор за управување со човечки ресурси и обуки на општина Струмица и Митко Гогов, претседател на Граѓанско здружение „Контекст – Струмица“. Дебатата ќе ја отвори Танкица Таукова, координатор во Центарот на заедницата во општина Струмица.
Дополнително, на дебата ќе дискутираат и спротиставени тимови составени од средношколци од Дебатниот клуб на МОФ во Струмица за тоа дали има или нема бенефит од волонтерството.
Се покануваат претставници од здруженија, наставници и ученици, студенти, претставници од општинската администрација и граѓани на општина Струмица активно да се вклучат во дискусијата со свои прашања и ставови.
Повеќе на линкот на Фејсбук: Дебата! Дебата! Дебата!