AMD Strela

 

Поетите Ана Голејшка и Ѓоко Здравески одржаа работилница во Струмица

Поетите Ана Голејшка и Ѓоко Здравески одржаа работилница во Струмица
Објавено на: 08 Feb 2015

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, како дел од проектот LITERA ARTE, работилници за креативно пишување, финансиски поддржан од општина Струмица, секторот за ЛЕР на општина Струмица со Програмата G1 за поддршка на здруженија и фондации, на 05 февруари 2015 година, во просториите на Дом на АРМ ја реализира средбата со Ана Голјешка и Ѓоко Здравески, која е дел од програмските активности на овие креативни работилници.

На оваа средба и работилница, учесниците и гостите  имаа можност да се запознаат со творештвото на Ана Голјешка и Ѓоко Здравески, со начинот на кој тие творат, што е она што ги мотивирало да се занимаваат со оваа професија, но истовремено и да поразговараат со нив лично за она што нив ги инспирира да бидат автори.

Ваквите средби, работилници, како и прилики за размена на креативното творештво и причините за тоа да се биде современ автор, се од исклучителна важност за секој оној кој сака да се занимава професионално со литература.

cqwcqw

„Креативното пишување се повеќе се развива на социјалните мрежи и постојат многу млади луѓе кои воодушевуваат со своите размислувања. Креативното пишување допрва ќе биде една од алатките со кои ќе се обидеме да го промениме општеството затоа што тоа помага во свестувањето на луѓето и пренесување на пораката од книжевноста’’ – вели Митко Гогов, основач на Здружението „Контекст“

Тој додава дека во проектот  LITERA ARTE во текот на годината се одржани неколку работилници за креативно пишување на кои учествувале и до 30 млади автори.

„Драго ми е дека на работилниците доаѓаат млади автори од Радовиш и околните општини кои сакат да учествуваат во овој проект’’ – вели Гогов.

cqwcqw

Младите автори од Струмица имаа можност на работилницата да слушнат предавање на сите теми од книжевноста, но и да откријат како Ана и Ѓоко ја пронаоѓаат инспирацијата за своето креативно пишување и создавање на поетското творештво.

Во наредниот период Здружението „Контекст’’ ќе биде домаќин на уште еден еминентен македонски автор и ќе го престави алманахот во кој ќе се најдат литературни творби на сите учесници од работилницата.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK