Во организација на модното студио Црнокрак во сабота на 7 март во домот на културата во Валандово на новата фестивалска сцена ќе се одржи изборот за зимска убавица на Македонија. Програмата ќе биде збогатена со настапот на стенд ап комичарот Бојан Велевски. Почетокот на манифестацијата е закажан за 19 часот. Влезници во предпродажба може да се обезбедат на билетарата пред фестивалската сцена при домот на културата в Валандово секој ден од 10 до 15 часот.