AMD Strela

 

Роднокрајни поетски средби во Струмица за Денот на поезијата

Роднокрајни поетски средби во Струмица за Денот на поезијата
Објавено на: 19 Mar 2015

Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ на 20 март, петок, со почеток во 20 часот во „Sub Club“ Струмица, по повод Светскиот ден на поезијата ќе ги организира третите „Роднокрајни поетски средби“.Во чест на Светскиот ден на поезијата најпрво ќе биде прочитано поетското слово кое за Македонија годинава ќе го упати поетот Владимир Мартиновски. Со книжевни собири, создавање нови стихови, фестивали, поетски слем-вечери низ континентите во цел свет ќе се прослави 20 март, Светскиот ден на поезијата.

г

Поети од целиот свет ќе испратат пораки во чест на стиховното творештво, кое е дел од вековната историја и култура на човештвото.Во една речиси нова атмосфера, но со желба да постане традиција, годинава по втор пат во Струмица ќе се обележи овој ден кој е важен за сите оние кои се занимаваат со книжевност, а посебно и како мапирање на уште едно издание на „Роднокрајните поетски средби“, кои исто така имаат тенденција да станат препознатлив настан на кој ќе се промовираат автори од Струмица и пошироко.

- Овој настан има за цел да ги зближи роднокрајните автори и да креира јадро за запознавање, презентација и промоција на истите. Доближување на нивното творештво поблиску до читателите и афирмација на роднокрајното творечко перо. По реализирањето на првите две организирани роднокрајни поетски средби на кои учество земаа дваесетина автори од Струмица и регионот се планира оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува редовно секој месец, велат организаторите.

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK