AMD Strela

 

Серенади и песни под кулите на Струмица

Серенади и песни  под кулите на Струмица
Објавено на: 12 May 2012

 Струмица и оваа година ги отвори своите порти за да  им каже добредојде на вечниот копнеж и вечната мисла, добредојде на убавите стихови и музика. По четврти пат градот под царевите кули на едно место собра повеке  ансамбли на староградски песни и серенади, но и голем број на љубители на убавата староградска песна.

strumica

На четвртиот по ред фестивал насловен,,Под кулите на Струмица,,учество зедоа 10 ансамбли од Струмица,Ново Село,Свети Николе,  Радовиш, Валандово, Делчево,Битола, но и од соседна Бугарија и Република Хрвтска.Сите тие низ стиховите напишани од многу различни луге на многу различни места направија многубројнта публика уште еднаш да ја почувствува единственоста на човечката душа и универзалноста на формата на опејување во препознатливоста на мелодијата на тие чувства.

strumica

Организатор на фестивалот е НУЦК,,Антон Панов,,Струмица, а истиот беше реализиран со поддршка на министерството за култура и локалната самоуправа.Во рамките на фестивалот оваа година беше отворена и изложба на фотографии од настапите на ансамблот,,Распеани струмичани,, но и стари фотографии од поранешните друштва.

strumica

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK