AMD Strela

 

Васе Урдин со самостојна изложба во Струмица

Васе Урдин со самостојна изложба во Струмица
Објавено на: 12 Oct 2012

Во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена самостојната изложба насловена „Ретроспектива“ на познатиот уметник од Струмица Васе Урдин. Точно 90 експонати работени во ореово дрво беа на показ на струмичката јавност. Меѓу почитувачите на неговото дело беше и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев. Зборувајќи со длабока почит за неговото творештво,  тој рече дека Васе Урдин е урнек за успешен уметник.
- Во денешниот празничен ден, го празнуваме творештвото на Васе Урдин бидувајќи сведетели на еден возвишен чин во кој тој прави пресек на својот целокупен уметнички ангажман и истиот го споделува со нас. Познатиот писател од светски глас Емил Зола рекол: „Уметник без дарба е ништо, но и дарба без работа е ништо“. Вечерва на показ имаме едно големо „НЕШТО“ што е плод на симбиозата меѓу дарбата и работата на Васе Урдин., рече градоначалникот Зоран Заев.

urdin
За промоторот на изложбата Ефтим Клетников, Васе Урдин е само уште една потврда на дарбата и генијалноста на човековата потрага кон возвишеното и убавото. - Бев возбуден и запрепастен при мојата прва средба со убавината и хармонијата на делата на Васе. Тој прави неповторлив спој мегу  архаичката и современата скулптура. Главната естетска вредност е поетиката на хармонијата меѓу обликот, формата, а основна тема е човекот, мажот и жената во вечна живот на симбиоза. Васил Урдин со своите дела ја потврдува Гетеовата теорема дека  убавината во уметноста е за да ја претстави субјективноста на вистината, рече промоторот Клетников.

urdin
Според скулптурот изложбата е остварување на негова дамнешна желба да се претстави пред струмичани. - Овие денови го доживеав феноменот на бришење на времето и просторот. По толку години надвор од Струмица пак бев свој мегу своите, а децениите отсуство едноставно се избришаа, вели склупторот Васе Урдин.
Во  богатата уметничка кариера на Васе Урдин е забележано неговото учество на бројни изложби во земјата и странство.

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK