Елена Велевска го промовираше спотот за новата песна која носи наслов Црно и бело. Станува збор за љубовна балада, песна која доби субвенции во четвртиот квартален конкурс и која Елена му ја посвети на нејзиниот сопруг Марјан.
,, Во песната се опеани нашите брачни варијации и убави и лоши. Се работи за една нежна балада во која ќе се пронајдат сите вљубени.,, вели Елена која деновиве интензивно работи на уште еден проект, но овој пат со стари македонски песни. За овој проект таа соработува со познатата охридска група Чардак која свири на сите дваесет песни меѓу кои се ,,Една мома с‘ мајка е,, ,,Ај да бегаме мори Васе,, ,,Марие млада невесто,, ,,Во Струмица на улица,, ,,Ми излегла Евда низ чаршија,, и уште неколку македонски староградски бисери. Комплетното видео е снимено во староградскиот амбиент на Македонска куќа во Охрид.