Фолк пејачот Јордан Митев со фантастичен концерт во Домот на АРМ во Скопје одбележа десет години постоење на македонската фолк сцена. Енергично само во негов стил, придружуван од групата ,,Академци,, Јордан ја крена публиката на нозе со песните кои последниве години станаа хитови .
Ајде сите на нозе, Лубов голема, Еднаш вака слава правам, Моја кралица ,Мојот живот е казино се само дел од песните кои беа на репертоарот на Мите, кои публиката во глас ги пееш и играше со уметникот кој цели десет години успешно се докажува не само како интерпретатор туку и како автор на музика и текст.
Освен расположениот Јордан кој беше неуморен докажувајки дека освен што пее, дека знае да свири и традиционални македонски инструменти, на сцената во Домот на АРМ во Скопје застанаа и неговите колеги Сузана Спасовска, гостинката од Бугарија Румјана Попова и маестрото на хармоника Милан Завков. Во публиката му се поклонија повеќе негови колеги и соработници бидејки не остави никој рамнодушен а својата енергија ја преточи на секој посетител во салата.
Средствата собрани од јубилејниот концерт Јордан Митев ги донираше на семејствата на загинатите бранители во конфликтот во Куманово на кои беше оддадена почит со едномнинутно молчење.
Јубилејот 10 години постоење, Јордан Митев ќе го одбележи и со нов албум кој би требало да излезе наскоро. Најава за албумот е новата песна ,,Оди душо оди,, за која музиката текстот и аранжманот ги направи славеникот од Подареш –радовишко Јордан Митев кој пак пред концертот го промовираше спотот за победничката и хитовската ,,Моја кралице,, со која лани славеше на Охрид фест.