Струмичкиот талент Трајче Ѓеоргиев се пласираше во финалето од регионалното натпреварување на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“. Тој со своите интерпретации не само што го воодушеви жирито туку и ја освоија балканската публика која гласаше за него. Трајче уште од стартот на ова шоу се смета за еден од фаворитите на првото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“.