Хрватката Данијела Мартиновиќ е втората балканската ѕвезда која ќе има свој концерт во склоп на Струмица ОПЕН фестивал. Некогашната пејачка на популарната група Магазин ќе ги отпее бројните екс-ју хитови за сите возрасти.
Кристина Арнаудова е уште еден претставник на македонската сцена која со својот бенд ќе ги пренесат звуците на домашната поп-рок музика.
„Изборот на музичката програма во текот на сите овие години е разнолик заради тоа што сакаме да предизвикаме добра забава и расположение за сите генерации и сечиј вкус. Ако секој наш посетител е задоволен со изборот на барем еден од изведувачите тогаш нашата цел е исполнета!“, велат од Културен забавен живот - Струмица.
Во наредниот период ќе биде објавена уште една, последна фаза од програмата на којашто ќе бидат соопштени сите останати изведувачи од Македонија и Балканот, а годинава за прв пат и од светски рамки.