AMD Strela

 

Видео: Ману Чао го крена Дојран на нозе

Видео: Ману Чао го крена Дојран на нозе
Објавено на: 20 Jul 2015

По 3 денови исполнети со забава, уживање и позитивна енергија, „Д Фестивал“ во Дојран финишираше со феноменалниот Ману Чао Ла Вентура. Околу 10.000 луѓе играа на звуците и ритамот на бонго бонго, Ме густас ту, а овој несекојдневен уметник, полн со енергија, шарм и талент, заедно со неговиот бенд испиша нова страница на фестивалските доживувања во Македонија.

Ману Чао Ла Вентура уште еднаш докажаа зошто се еден од најдобрите светски бендови и во текот на целиот двочасовен концерт, не ја оставија рамнодушна целата публика.

Покрај нив на фестивалот учествуваше и британската сензација Wilkinson, Кирил Џајковски, Фолтон, Електрични оргазам, Баилдса, Драм енд Брас трио и други домашни и странски изведувачи.


 

 


 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK