Студенти од „Студентски пленум“ за време на концертот на Ману Чао кој вчера настапи на Д Фестивал во Дојран, излегоа на сцена и извикуваа „Нема правда, нема мир“ и „„Автономија“. Тие исто така го го вееја знамето на Автономна Зона и Студентски пленум.
Ману Чао и претходно изразуваше поддршка за протестите и студентското движење во Македонија, откако на својата официјална Фејсбук страница објави фотографија на која пишува „Поддршка за Студентски пленум во Скопје“, со што се солидализира со студентите кои ги окупираа факултетите.