По повод големиот национален празник Илинден, вечерва во Дојран свој концерт ќе има Каролина. Станува збор за дел од нејзината концертна турнеја низ Македонија. Концертот на Каролина со нејзиниот проект ,,Македонско девојче,, ќе се одржи во Градскиот парк. Според најавите тој ќе биде празничен концерт за сите кои се присутни во овој туристички центар
Синоќа пак Под јаворите во Дојран свој концерт имаше Тамара. Таа пред присутните го промовираше новиот албум Еден ден чии песни се пеја во глас, посебно од помладите кои беа пристуни. Инаку овие музички настани се дел од Дојранското културно лето со цел да се збогати понудата на овој туристички центар