52 то издание на меѓународната струмичка ликовна колонија една од најстарите на Балканот годинава беше означен со ретроспективната изложба на Марјан Пецев Захов насловена ,,Ликовна Резонанца,,. На колонијата која ќе трае до 15 овој месец ќе учествуваат 18 уметници од земјата и неколку европски држави кои ќе работат во скоро сите ликовни техники. После повеќе години пауза организаторите најавуваат повторно активирање и на студиото за графика а и годинава ќе функционира студиото за мозаик годинава под менторство на Александар Филев. Сите уметнички дела создадени на колонијата ќе бидат претставени на изложба на 11 септември, денот на ослободувањето на градот Струмица