Даниела Мартиновиќ поради пореметување на центарот за ориентација веднаш била сместена во болницата „Рeбро“ во Загреб. Првиот напад на вертиго го имала пред една година и три месеци, но пред некој ден додека била сама во станот во Загреб и почувствувала слабост, пренесуваат хрватските медиуми.
„Почувствував силна главоболка и слабост. Прво помислив на кого да му се јавам…Многу ми се вртеше, се околу мене почна да се движи..И се јавив на моја пријателка и таа веднаш ме однесе во болница“ изјавила Даниела која по препорака на невролозите била хоспитализирана.
Организаторите на Струмица опен фестивалот велат дека Даниела Маритновиќ ке пее на Струмица опен.
,,Даниела Мартиновиќ и покрај се ќе настапи на Струмица опен фестивалот. Контактиравме со неа и добивме ветување дека таа во пеотк ќе се појави на сцената на струмичкиот плоштад“ ни изјави Перо Божинов.