Поранешниот репрезентативец на Македонија, а по потекло струмичанец Горан Мазнов, во следната фудбалска сезона ќе го носи дресот на ФК „Беласица“ од Струмица. Инаку Мазнов игра на позицијата напаѓач и се очекува да биде главен двигател во екипата на ФК „Беласица“.
Во својата досегашна кариера, Мазнов има играно за Спартак Москва, Балтика, Дијарбекирспор, Локерен, Том Томск и Керкира. Во Македонија играше во поранешниот шампион Слога Југомагнат, а беше член и на шампионската генерација на Работнички, со кој го оставари најголемиот успех.