Актуелниот ракометен вицепрвак, составот на Зомимак од денеска официјално доби ново име откако клубот е прекрастен во Макс Струмица, дознава ЕКИПА. Она што претходниот период беше наговестено денеска и се случи, струмичкиот состав од денеска официјално се прости од старото име Зомимак и доби ново.
Инаку, Макс Струмица до стартот на новата сезона предвидено е да одигра најмалку уште три контролни средби, а што се однесува до ростерот на екипата тој се уште не е затворен. До крајот на преодниот рок се очекува на клубот да му пристапат најмалку уште два до три нови ракометари.