Денес комуникацијата најчесто се одвива преку Скајп, Вибер, Фејсбук...но дали се сеќавате на мирцот? Тоа е една од првите програми за разговор на Windows платформата. Создаден е од страна на Калед Мардам во 1995. година. Освен што е комплетен програм за вршење разговори, истовремено е и програмски јазик. Постарите генерации дефинитивно се сеќаваат на мирцот. Прво се регистрирате, избирате канал, па влегувате во некоја „соба“ за групен или разговор меѓу двајца. Не звучи многу поинаку од „собите за разговори“ т.е. на страните за запознавање денес.
Мирцот беше могу популарен, а за тоа говорат податоците дека е превземен речиси девет милиони пати до март 2007. година, според Download.com. Се надеваме дека со оваа статија ќе разбудиме стари спомени...