Најголемата забава на осмиот и деветтиот ден од Струмица ОПЕН фестивал се очекува да се случи за време на настапите на светски популарните Playmen и HouseTwins, како и домашните Duoz.
Вечерва, после настапите на Влатко Стефановски Трио, Архангел, Кад би био Бијело Дугме и Brass Brothers ќе ги слушнеме најголемите електро-денс хитови. По успешните настапи на MAD VMA и фестивалот Tomorrowland, DJ дуото Playmen ни доаѓа на големата сцена на Струмица ОПЕН.
ВИДЕО: https://www.facebook.com/StrumicaOpenFestival/videos/1001723016592747/
Утревечер пак, на големото затворање на деветдневната манифестација свои настапи ќе имаат Duoz со специјален гостин како домашна поддршка и HouseTwins. Резидентите на еден од најголемите европски фестивали Colour Day Festival – HouseTwins ќе го имаат своето премиерно претставување во Македонија. Сопствениците на број 1 синглот Will Be King ветуваат одлично затворање на фестивалот до раните часови.
За потсетување, во минатите изданија на фестивалот љубителите на електронската музика уживаа во DJ-сетовите на Кирил Џајковски, Dino MFU, Mossel, Tom Novy и Romeo Blanco. Искуството покажува дека може да очекуваме одлична денс журка.