Благица Калева со групата ,,Модус., ги кренаа нашинците на нозе, на забавата што се одржа во Ултрехт, Холандија. Викендов, Калева со членовите на нејзината група, на покана на здружението ,,Македонска заедница,, имаа настап во земјата на лалињата, каде на времена работа се наогаат и стотина иселеници од Струмичко, Валандовско но и од другите региони од југоисточна Македонија.
Околу 250 гости присуствувале на концертната забава, при што речиси повеке од два часа, македонските иселеници во Холандија, играле и пееле, а рамнодушни не останеле и самите Холанѓани кои по пријателска линија на Македонците, уживале во македонската музика и ора.
Според информациите атмосферата се вжештила при интерпретацијата на песните ,,Судбо моја,, ,,Каде сте македончиња,, ,, Кажи кажи облаче ле бело,, кога речиси сите присутни на забавата биле на нозе пееле и играле. Ова е прво гостување на Калева и групата Модус во Холандија, но по одличниот настап овој бенд со Благица добиле отворена покана и за идната година.