AMD Strela

 

Пираните го изедоа и новинарството

Пираните го изедоа и новинарството
Објавено на: 31 Aug 2016

Веќе неколку денови и „куртон“ и „објективните“ и „независните“ телевизии на големо известуваат за фатената риба пирана во водите на Дојранското езеро.  Иако рибата со заби е фатена на 11 август од страна на концесионерот на езерото при вадењето на мрежите, дури пред некој ден штуро јавноста беше информирана за овој случај. И одеднаш сите, откако претходно го исплукаа гласникот дека ја измислил веста, почнаа да вртат „ексклузивки“ на нивните програми со строго службено пренесување на изјавите на македонските стручњаци за рибарство,мининистертвото за земјоделство  и градоначалникот на Дојран небаре се работи за тектонско поместување на езерото. А еве веќе четврти ден се уште не сме виделе барем еден инсерт од езерото, барем една изјава на капач или рибар за фамозната пирана.

Само до пред неколку години, кога се уште имаше по некој нормален медиум во Македонија, ќе можеше да се види прилог со сите нишани. Сега нема такво нешто. Причините за такво новинарство, кое како да го изеле пираните, се длабоки и за нивно елаборирање треба многу простор и време.

Сепак едно е јасно:такво новинарство не може да го оправи никакво ад хок тело, ниту пак да дојде Супермен заедно со Чак Норис,Бетмен и Терминатор.

„Новинари„ и „уредници“, струмичани за оваа работа имаат една убава:одејте да мочате под некоја сува малока. Само внимавајте од некаде да не скокне некоја пирана па да ви ги изеде тестисите.

Ристо Тасев

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK