Давид Нешкоски е млад гитарист со повеќе години музичко искуство. Од својата 12 година настапува активно со македонскиот блуз бенд “Crossroad blues band”, во кој буквално пораснал и се оформил како музичар. Неговиот талент е забележан и од многу постари и признати музичари (Венко Серафимов, Влатко Стефановски) со кои има остварено и допрва има планови за заедничка соработка.
Сега Давид почнува свој бенд, на негови 20 години, и тоа во Трио со кое во тек се пробите и припремите за да почне една нова сторија во неговиот живот. Давид го сними и својот прв спот за неговото авторско дело, песната Wild Night Out што беше снимена во музичкото студио “R Music Studio” со продуцентот Рубин Димкоски, а за видеото се погрижи еден од најдобрите млади сниматели и режисери во Македонија, Христијан Конески. Најново што можеме да очекуваме од Давид е албум кој се очекува да излезе во Јануари следната година. Уживајте во звукот кој се создава од длабочините на една душа, да ги допре и направи среќни сите .
До сега незастапен правец во македонската музичка историја, со примеси на новото време. Уживајте во звукот. Очекувајте го Давид Нешкоски Трио во својот град.