AMD Strela

 

Атрактивната DJ-ка Chelina Manuhutu за прв пат во Македонија

Атрактивната DJ-ка Chelina Manuhutu за прв пат во Македонија
Објавено на: 12 Nov 2016

Струмица станува епицентар на клубските случувања. По минатонеделниот настан каде гостуваше светскиот суперстар диџеј Sabb, овој викенд Club Industrial повторно организира светски настан.

Свој премиерен сет во сабота ќе има ултра атрактивната Chelina Mahunutu од Амстердам која бргу се пробива како изведувач и израснува во вистинска ѕвезда на сцената. Картите за овој настан можат ајдат во претпродажба во Club Industrial по цена од 150 денари (до петок до 00:00 часот) и на влез по цена од 200 денари.

Во петок свој настап ќе има ко-основачот на Pata Pata Recordings, Sal Sonder кој како продуцент негува специфичен мелодичен стил, а како диџеј е уште е претпознатлив по својот избор од преголемата архива на музика која ја поседува.


 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK