AMD Strela

 

Que Pasa за својот трети роденден со 50% попуст на цените од менито

Que Pasa за својот трети роденден со 50% попуст на цените од менито
Објавено на: 18 Dec 2016

Lounge Bar Ќе Паса (Que Pasa) за својот трети роденден на посебен начин на своите верни клиенти обезбедува попуст од 50% на цените од менито за храна.  

„За ови три години веруваме дека и вие имавте безброј спомени кои ќе ви останат запаметени за цел живот. За вашите беспрекорно поминати моменти работеше цел тим кој вие, нашите ценети гости, го познавате. Вредни келнери, врвни шанкери, одлични кувари и менаџери. Дефинитивно, вие драги наши бевте и ке останете наша најголема мотивација. Со секој Ваш убав збор кажан за Que Pasa, не’ мотивирате да продолжиме да организираме уште поубави настани за Вас. Оваа година решивме нашиот роденден да го прославиме Понеделник (19.12.16) и Вторник (20.12.16) на еден посебен начин, така што цените од менито за храна ќе бидат намалени за 50%. Да си го славиме роденденот уште многу години заедно со Вас здрави, насмеани и вљубени“.

 

 

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK