Позитивни реакции и објави на поезијата на Никола Мaџиров во Австралија. Две влијателни австралиски списанија, „Аустрелиан поетри џурнал“ и „Маскара поетри ривју“ објавија англиски превод на поезијата на Никола Маџиров, а преведуваната австралиска поетеса МТЦ Кронин, автор на издавачката куќа „Пингвин“, во „Маскара поетри ревју“ објави поезија инспирирана од стиховите на Никола Маџиров. Уште еден значаен австралиски поет, Петер Бојл, инаку преведувач на Лорка, Валехо и Реверди, кој за својата последна објавена книга ги доби високите австралиски поетски награди „Квинсленд премиер“ и „Артс АКТ Џудит Рајт“, неодамна напиша: „Никола Маџиров ја пишува една од најубавите поезии што доаѓа од Источна Европа - навистина посебно и лично писмо, но и моќен наследник на генерацијата на Милош, Херберт, Попа, Загајевски... Надреалистичен, човечки и човечен, со разбирање кон темното и одново свеж, нов.“