Сузана Гавазова и Зорица Стојанова кои заедно со групата Алегро се на турнеја во далечната Австралија ги нарекуваат ,,сестри,, иако се тетка и внука. Ваквиот епитет го добивале бидејки имале идентични вокали а на своите настапи излегувале во слични модели на фустани. Присутните кои за првпат имаа можност да ја видат младата Зорица Стојанов, јавно коментирале дека со Гавазова не се тетка и внука туку сестри бидејки по ,,глас и стас,, не се познавала разликата во години.
Сузана и Зорица заедно со групата Алегро во Австралија веке се петнаесетина дена дена и веке одржиле четири концерти од планираните осум при што насекаде направиле одлични забави исполнувајки ги салите до последно место. Во Австралија се очекува да бидат до првата половина на идниот месец.
Во Австралија, Гавазова има намера да ја промовира својата внука Зорица со кого летово ја освои првата награда на Прилеп фест, но и најновото ЦД со трите нови песни ,, Вечно мој,, ,,Пијана и заљубена,, ,,Опасен,, кои ги сними пред да замине на турнеја во Австралија кога направи и провокативна фото сесија
Според агендата, Сузе и Зорица заедно со членовите на Алегро треба да настапат во Сиднеј, Мелбурн, Канбера, Кингстон, Волонгонг.....
Сузана Гавазова и Зорица Стојанова престојот во Австралија освен з анастапи го користат и за прошетка по градовите заедно со нашиниците кои живеат таму