AMD Strela

 

Полицијата вечерва треба да ги апси тепачите на пратениците

Полицијата вечерва треба да ги апси тепачите на пратениците
Објавено на: 30 Apr 2017

Вечерва Основното јавно обвнителство дало наредба да се приведат 15 учесници кои учествуваа во насилството врз пратениците и МВР постапува по тоа барање, се дознава од  извори во МВР и ОЈ.

Доколку бидат пронајдени осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре треба  да бидат изнесени изнесени пред судија на претходна постапка.

Инаку, вечерва, како што јавија некои медиуми, МВР бара од обвинителството мерки за обезбедување за организаторите на протестите пред Собранието на Македонија. Се работи за четири лица кои МВР ги сомничи дека биле водачи на насилството врз пратениците.

На социјалната мрежа фејсбук кружат информации дека е уапсен напаѓачот на заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Фото:Бриф мк

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK