Утревечер (03 мај) во 19 часот Советот на општина Богданци ќе одржи седница на која советниците треба да донесат одлука за организирање референдум за работата на рудникот Казан Дол кај Валандово. Во Советот мнозинството го има Коалицијата предводена од СДСМ со ВМРО Народна.
Пред десетина денови граѓаните на Гевгелиј излегоа на рефрендум на кој со големо мнозинство беа протв отворање на рудници на територијата на општината.
Пред неколку денови Советот на општина Валандово не ја прифати инцијативата на советничката група на СДСМ за организирање референдум во оваа општина против работењето на рудникот за бакар и злато кај Казан Дол.
Р.Т.