AMD Strela

 

Здружението „Новус“ со онлајн кампања „Имам право“

Здружението „Новус“ со онлајн кампања „Имам право“
Објавено на: 28 Apr 2017

Стар Дојран е најчесто посетуваното место каде струмичани ги поминуваат слободните денови за првомајските празници. Веќе со години младите струмичани го преполнуваат Стар Дојран и се најверни гости, кои за легло плаќаат и по 800 денари за едно ноќевање. Цената од година во година расте, но тоа не е главната причина поради која огромен број струмичани оваа година решија да го бојкотираат Дојран. Минатогодишната „акција“ на полицијата во оваа турискичко место им донесе огромни прекршочни казни на струмичани, кои достигнале и до 1.300 евра од човек.
„ Седевме во станот кој е сопственост на наш другар, тропна некој на вратата, отворивме, и од еднаш влегоа осум полицајци. Ни побараа лични карти, најкултурно им дадовме, ни ги запишаа податоците. На прашањето зошто им се потребни, со висок тон ни вратија дека не може да ја трпат повеќе нашата галама и музика и сме биле пријавени од околните хотели и комшии. Пробавме да им објасниме дека се на грешка место, дека тоа е фамилијарен стан и досега сме немале никакви проблеми ниту со комшии, ниту со било кој од околината. Но, намерата им ја видовме кога извадија апарат за алкотестирање. Замислете, ти доаѓаат дома и ти прават алкотестирање. Си заминаа без да направат  записник, ниту да ја измерат јачината на музиката. Се вративме во Струмица, пративме жалба до комисија за внатрешна контрола при МВР за да го испитат случајот. Ни вратија после некоја недела одогвор од внатрешна контрола дека се било во ред и според закон. Еве за неколку денови повторно е Први мај, а ние се уште сме по судови и прекршочни комисии, кои како однапред договорени казнуваат противзаконски, иако знаат дека ние сме во право. Неколку вработени во МВР ни рекоа дека таа „акција“ на полицијата била наредена од „горе“ бидејки државата преку казни морала да собираа пари.“, пренесоа  група млади засегнати од овој случај.
Од  неофицијални информации дознавме дека за првомајските празници минатата година од полицијата во Дојран биле посетени повеќе од 200 вили и издадени стотици прекршочни пријави. Голем број на родители загрижени од настаните од лани не дозволуваат нивните деца годинава да го посетат оваа туристичко место, од страв и тие да не бидат малтретирани од страна на полицијата.

(Името и прзимето се познати на редакцијата)

Фото:архива

Media Flesh

 

ВИДЕО

FACEBOOK