Советото на општина Богданци вечерва со едногласна одлука на сите 11 советници реши на 11 јуни да се одржи реферeндум на граѓаните на оваа општина за работа на рудникот Казан Дол кај Валандово. За иницијативата на граѓанската организација „Спас за Богданци“ гласаа сите ченови на Советот, во кој по 5 советници имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ и еден од ВМРО Народна.
Пред десетина денови граѓаните на Гевгелија излегоа на референдум на кој со големо мнозинство беа против отворање на рудници на територијата на општината.
Пред неколку денови Советот на општина Валандово не ја прифати инцијативата нс советничката група на СДСМ за организирање референдум во оваа општина против работењето на рудникот за бакар и злато кај Казан Дол.
Р.Т.